Page 16 - Luna Broshura

ул. Вељко Влаховиќ бр.22а; 1000 Скопје, Македонија
т: 02 3 213 139 | ф: 02 3 216 193 |
Живееме во центар, се ни е буквално на неколку минути пешачење, а не чувствуваме никаква
гужва. Едноставно – не постои подобра локација. После неколку преселби, повеќе не размислуваме
каде да најдеме мирно место за живеење. Претходно живеевме во Ново Лисиче и доста време
поминувавме патувајќи до центар и назад, било да е тоа до работа, до парк или на шопинг. Сега тоа
време го користиме за нас. Заштедата во време не се мери со ништо друго. Затоа препорачувам:
Купете стан од “ЛУНА КОРПОРАЦИЈА“. Јас тоа го направив.“ –
Александар Ѓурчинов
Веќе четири години сме сопственици на стан во зградата на улица Вељко Влаховиќ во Скопје.
Досега не сме имале никаков проблем со станот, за разлика од многу наши пријатели кои неодамна
купија станови во други објекти во Скопје. На оваа одлична локација, имаме можност и за семејни
прошетки, и за купување, и за забава. Децата брзо растат и ние веќе штедиме за нов стан. Во време
на огромен број на новоизградени станбени објекти, сигурни сме дека со “ЛУНА КОРПОРАЦИЈА“
избравме квалитетна и проверена понуда.“ –
Јасмина Тројачанец
Ние купивме стан од “ЛУНА КОРПОРАЦИЈА“ во станбената зграда “Донбас“ на улица Орце Николов.
Кога разгледувавме понуди за стан добивавме разни совети. Заклучивме дека најбитно ни е
да живееме во центар, зградата да е направена професионално и квалитетно, и кога еднаш ќе
купиме стан да престанеме да се грижиме дали лифтот работи или не, дали плочките во бањата
ќе се одлепат, дали ѕидовите ќе испукаат, дали паркетот ќе се подигне од влага или дали ќе
најдеме паркинг кога ќе се вратиме од работа. Задоволни сме што сега за вакви проблеми
воопшто не губиме време, затоа што се гледа дека се е направено од врвни материјали, стручно и
професионално.“ -
Виолета Столевска